• петок, 05 јули 2024

Планинарското „Орле" организира летна планинарска школа 

Планинарското „Орле
Кавадарци, 12 јули 2022 (МИА) - Планинарско спортско друштво „Орле" од Кавадарци, организира летна планинарска школа. Од друштвото денеска информираа дека активностите се во соработка со младинската комисија при ФПСМ. -Школата ќе се одржи во јули и август. Ќе се реализира теоретска настава во просториите на клубот, како и практична настава во природа. Учесниците ќе бидат запознаени со сите теми во областа на планинарењето. Практичната настава, планинарењето ќе биде реализирано во околината на градот и на Кожуф планина. Во договор со учесниците ќе се одржи и кампување, појаснија од друштвото. Учесници на планинарската школа ќе бидат деца на возраст од 10 до 18 години. Од друштвото потсетуваат дека „Орле" постои шеесет години и има евидентирано бројни планинарски акции.  свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан