• сабота, 27 април 2024

„Пијанофест“ – меѓународен пијано натпревар во Битола

„Пијанофест“ – меѓународен пијано натпревар во Битола

Битола, 8 јуни 2023 (МИА) - Во Битола пристигнаа 120 натпреварувачи од Србија, Албанија, Ерменија, Косово, Полска, Хрватска, Бугарија и Северна Македонија кои ќе учествуваат на 5. Меѓународен напревар за пијано, „Пијанофест“.

„Пијанофест“ ќе почне со концерт кој вечер ќе го изведат ланскиот кауреат Лара Ајбајтер заедно со Маргарита Вујовиќ и Анастасија Холц, сопран, сите од Србија, а натпреварувачката програма ќе се одвива од 9 до 11 јуни.

-Оваа година „Пијанофест“ освен со дисциплините пијано и пијано четирирачно, збогатен е со нова дисциплина - соло пеење. Натпреварувачите се поделени во возрасни катергории, а ќе ги оценува меѓународна жири комисија, истакна Неда Маретиќ, портпарол на „Пијанофест“.

Организатор на „Пијанофест 2023“ е Здружение на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, се реализира под покровителство на Министерството за култура и Општина Битола, и со поддршка на КИЦ-Офицерски дом и Државно музичко училиште-Битола.мт/

Фото: „Пијанофест“

Остани поврзан