Пијанино за ОМУ „Ристо Јуруков“ од Ротари клубот од Скопје
Кочани, 28 ноември 2025 (МИА) - Ротари клубот од Скопје донираше ново пијанино марка „Петроф“ за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани. Донацијата е реализирана со посредство на Ротари клубот Кочани - Виница, а целта е да се подржат талентираните ученици што го посетуваат кочанското основно музичко училиште.

За возврат, учениците за гостите приредија мини концерт. На сцената беа изведени класични композиции на пијано, флејта и виолина, како и музички нумери со традиционални инструменти.
Донација, според директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“, Марија Лазарова, е уште еден чекор кон создавање подобри услови за работа во училиштето, како и поттик за талентираните за нивно понатамошно музичко образование.ис/са/
фото: МИА