• недела, 29 септември 2024

Писториус незадоволен од намалување на буџетот за одбрана

Писториус незадоволен од намалување на буџетот за одбрана

Берлин, 8 јули 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус од Социјалдемократската партија на Германија, СПД, денеска изрази незадоволство поради намалувањето на средствата за одбрана во буџетот за 2025 година, што беше договорено во петокот по долги расправии во владејачката коалиција.

„Моето министерство доби значително помалку од бараното. Тоа е особено непријатно за мене бидејќи нема да можам да иницирам одредени работи со брзината што ја бара новонастанатата ситуација поврзана со безбедносната закана“, изјави Борис Писториус на маргините на вежбите на НАТО во американската сојузна држава Алјаска.

Социјалдемократскиот политичар рече дека во „следните недели и месеци“ ќе согледа што е можно, а што не, со намалени средства.

Владејачката социјалдемократско-зелена-либерална коалиција во петокот постигна договор за буџетот за 2025 година, по неколкунеделни расправии кои на моменти се закануваа со распуштање на коалицијат. На Министерството за одбрана, наместо 58, беа доделени 52 милијарди евра колку што бараше Писториус. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан