• петок, 01 март 2024

Писториус излегува од затвор на 5 јануари

Писториус излегува од затвор на 5 јануари

Јоханесбург, 24 ноември 2023 (МИА) – Шесткратниот јужноафрикански параолимписки првак Оскар Писториус (37) денеска доби условно пуштање на слобода кое ќе стапи на сила на 5 јануари 2024, десет години по убиството на неговата девојка Рив Стенкамп.

Писториус отслужува затворска казна од над 13 години за убиството што во 2013 година го изврши во својот дом, застрелувајќи ја со истрели од пиштол својата девојка Рив Стенкамп.

Џун Стенкамп, мајка на убиената Рив, не се противеше на условното ослободување, но наведе оти не е уверена дека Писториус е рехабилитиран. Таа не присуствуваше на денешното сослушување во затворот недалеку од Преторија. Прочитана беше нејзината изјава дека „едноставно не може да собере енергија повторно да се соочи со Писториус во овој момент“.

Рив Стенкамп, која имаше 29 година кога беше усмртена, беше правник и успешен модел. Убиена беше кога Писториус преку вратата од бањата испука четири куршуми во својот дом во Преторија во раните утрински часови на 14 февруари 2013 година.

Писториус на судењето рече дека мислел оти пука во крадец кој упаднал во неговиот дом, дека Рив е во својот кревет. ег

Остани поврзан