• четврток, 21 ноември 2024

Писмен став на Коалицијата „Вреди“ за реакцијата на ДУИ

Писмен став на Коалицијата „Вреди“ за реакцијата на ДУИ

Скопје 3 ноември 2024

Не му е лесно на Ахмети кога разбира дека од САД се интересираат за трансакциите за фамилијарниот имот Соравија. Од страв ги помешале лончињата и ги истураат опозициските фрустрации кон Изет Меџити, кој пред две години јасно предупреди дека корупцијата ќе го однесе ДУИ во опозиција.

ДУИ престана да се занимава со правата на Албанците во моментот кога стана организација за лично и фамилијарно богатење на поединци. Кралевите на коцката и проституцијата од ДУИ гревовите за „Мегавин” нека си ги бараат кај Артан и Прпарим. Нека си ги гледаат и релациите со Белград и српската коцкарска мафија, блиска до ДУИ.

Со оваа блеферска реторика ДУИ потврди дека барањето за предвремени парламентарни избори служи само за да се прикрие стравот од правосудна одговорност за криминалот. ДУИ би сакале наместо одговорност за крадењето, повторно да си тераат изборна кампања. Тоа нема да се случи. Сега ништо не зависи и не се одлучува од ДУИ.

ДУИ сеуште не разбрале дека за нивните водечки луѓе повеќе нема место ни на домашната, ни на меѓународната политичка сцена. Ќе разберат, ама до тогаш, она што остана од ДУИ дополнително ќе го уништат. ДУИ се движи кон неизбежен политички крах на претстојните локални избори, избирајќи да настапи со корумпираното и омпромитирано раководство кое е олицетворение на злоупотреба и лични интереси. Со лица како Садула Дураку, Талат Џафери, Муса Џафери, Пуцко Петрол и Блерим Беџети, кои се длабоко  мешани во сомнителни зделки и афери, а дел од нив се и на црната листа на САД, ДУИ ја покажува својата целосна ароганција, отсутност од реалноста, но пред се безобразност пред граѓаните.

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан