„Кино утро“ во Кинотека
- Во рамки на јануарската програма, во Кинотека ќе се одржува „Кино утро“ - иницијатива за деца и млади.
Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Во рамки на јануарската програма, во Кинотека ќе се одржува „Кино утро“ - иницијатива за деца и млади.
Како што информира Кинотека, во рамките на програмата на „Кино утро“ ќе бидат прикажани: македонскиот анимиран филм „Јон против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, „Мечето Падингтон“, „Божиќната магија на животните“,„Кариран нинџа 2“,„Дедо Мраз супер херој“ и „Соништата на еден робот“.
- Тематот „Кино утро“ има за цел да ги доближи најмладите до филмската уметност и да го разбуди нивниот интерес за киното како посебно доживување. Овие проекции не се само забава – тие се и можност за учење, развој на фантазијата и градење на емоционална интелигенција. Денешните деца, кои растат во дигиталната ера, заслужуваат да ја доживеат магијата на киното – местото каде што светот на фантазијата оживува на големиот екран. Поттикнувањето на љубовта кон киното кај најмладите е не само едукативен, туку и културен чин, кој им помага да ја разберат важноста на уметноста и раскажувањето приказни, соопшти Кинотека.
Проекциите на филмовите почнуваат од 9 јануари 2025 година. мд/са/
Фото: МИА архива