• понеделник, 24 јуни 2024

Пислевска МВП на финалниот кадетски турнир

Пислевска МВП на финалниот кадетски турнир

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска е прогласена за најкорисен играч на финалниот кадетски турнир.

Иако крајот на мечот за титулата го дочека на клупата за резерви поради пет лични грешки, Пислевска да оствари одлични индивидуални бројки.

Во победата над Бадел (81:64) во вчерашното финале на дводневниот завршен собир на најдобрите во М16 лигата, за 34 минути на теренот во СРЦ „Кале“, Пислевска реализираше 19 поени, имаше десет скока, осум асистенции и седум освоени топки, за индекс – 26.

Сличен беше нејзиниот ефект и во полуфиналниот натпревар, во кој Вардар беше убедливо подобар од Тим Арена. Таа за 23 минути во игра, даде 20 поени, освои девет топки, имаше седум скока, три асистенции, за индекс – 33. зс/

Фото. КФСМ

Остани поврзан