• понеделник, 25 ноември 2024

Пике под истрага за корупција

Пике под истрага за корупција

 

Мадрид, 31 мај 2024 (МИА) – Шпанското правосудство објави синоќа дека поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, е под истрага за неговата улога во преместувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, што наводно му донело, преку неговата компанија Космос, заработка од четири милиони евра годишно.

Судијата задолжен за случајот за корупција поврзан со нерегуларните договори склучени од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) оцени дека годишната провизија на Космос е потенцијално фалсификувана.

Додека сè уште беше играч на Барселона, во 2019 година Пике посредуваше преку неговата компанија за договор за преместување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија за сума од околу 40 милиони вери годишно.

Договорот е во центарот на истрагата што го тресе шпанскиот фудбал, каде што се обвинети поранешниот претседател на РФЕФ Луис Рубиалес и неговиот наследник Педро Роча. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан