• петок, 05 декември 2025

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Кичево, возачот лишен од слобода

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Кичево, возачот лишен од слобода

Скопје, 26 авгут 2025 (МИА) - Осумдесет и двегодишен пешак од Кичево им подлегнал на повредите по сообраќајна несреќа што се случила вчера утро на булеварот „Ослободување“ во Кичево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 06:55 часот, кога патничко моторно возило марка „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, удрило во пешакот С.Ш. (82) на обележан пешачки премин. По ударот, возачот го напуштил местото на настанот, но се вратил околу 07:10 часот, без возилото.

Повредениот пешак бил пренесен во Општата болница во Кичево, а поради сериозноста на повредите бил транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 21 часот починал.

Од МВР велат дека возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.ар/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан