• сабота, 21 декември 2024

Пецаков се сретна со црногорскиот амбасадор Зоран Миљаниќ, разгледувана можноста за директно авионско поврзување на Охрид со Подгорица

Пецаков се сретна со црногорскиот амбасадор Зоран Миљаниќ, разгледувана можноста за директно авионско поврзување на Охрид со Подгорица

Охрид, 20 ноември 2024 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ кој во придружба на црногорскиот конзул Миодраг Андријашевиќ е во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата е разговарано за можностите за зајакнување на економската соработка на Охрид со збратимените градови Будва и Котор, како и евентуално воспоставување директна авиоонска линија Подгорица – Охрид.

Разменети се и мислења за реализација на заеднички културни активности и настани, како и соработка во областа на спортот, информираат од Општина Охрид.

Пецаков ја запозна високата делегација од Црна Гора со финансиската состојба на Општина Охрид, при што беше истакнато дека актуелната локална власт целосно го исплати наследениот долг на општината и успеа да ја одблокира банкарската сметка што сега е со позитивно салдо.

На средбата е разговарано и за капиталните проекти на општинската власт предвидени за реализација наредната календарска година. аб/са/

фото/Општина Охрид

 

Остани поврзан