• петок, 10 мај 2024

Пет екипи од Германија ќе играат во следната сезона од Лигата на шампионите

Пет екипи од Германија ќе играат во следната сезона од Лигата на шампионите

Дортмунд, 2 мај 2024 (МИА) - Пет екипи од германскиот шампионат ќе учествуваат во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2024/25.

Ова стана возможно откако Борусија Дортмунд го победи ПСЖ (1:0) во првиот полуфинален натпревар и и донесе дополнителни бодови на Германија на табелата со коефициенти на УЕФА. 

Претходно се дозна дека пет италијански екипи ќе учествуваат во следната сезона од Лигата на шампионите.

Во моментов, првите пет во Бундеслигата се Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан