• петок, 22 ноември 2024

Петровска – Лудва: Северна Македонија и Чешка имаат долготрајна и успешна соработка во одбраната

Петровска – Лудва: Северна Македонија и Чешка имаат долготрајна и успешна соработка во одбраната
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството за одбрана се сретнала со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва. Како што соопштија од МО, таа му посакала успех во работата на новопоставениот амбасадор Лудва во Северна Македонија и упатила честитки и за новопоставената министерка за одбрана Јана Черночхова. Министерката Петровска изразила благодарност за гласната и конзистентна поддршка на Чешката Република за нашето членство во НАТО, како и за поддршката за приклучувањето на Северна Македонија во Европската унија. - Република Северна Македонија и Чешката Република имаат одлична билатерална соработка и подготвени сме да ги продолжиме сите започнати процеси и да ја збогатиме соработката преку реализирање на заеднички вежби, размена на искуства и соработка во модернизацијата, рекла министерката Петровска, се наведува во соопштението од МО. Амбасадорот Лудва и ја честитал на Петровска новата одговорна позиција, министерка за одбрана, и изразил заложба за продолжување на интензивната и успешна билатерална соработка во одбраната. Двајцата соговорници се согласиле дека таа соработка ќе се продлабочи со нови иницијативи во размената на експертиза, во обуките и образованието на одбранбените сили, како и во областа на модернизацијата на одбраната. цр/са/

Остани поврзан