• недела, 22 декември 2024

Петровска - Јаин: Алијансата е побезбедна со Шведска во НАТО, над една милијарда луѓе посигурни

Петровска - Јаин: Алијансата е побезбедна со Шведска во НАТО, над една милијарда луѓе посигурни

Скопје, 21 март 2024 (МИА) -  Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, на која и го честиташе полноправното членство во НАТО.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска  рече дека членството на Шведска ја зацврстува Алијансата и безбедноста на над една милијарда луѓе во светот.

-Северна Македонија беше јасна во својот став за поддршка на шведското барање за приклучување кон најмоќната Алијанса во светот. Тоа го потврдивме и на 27 јули минатата година кога Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО. Нашата цел е иста – заштита на секоја педа НАТО територија и заштита на нашите граѓани, рече министерката и додаде дека она што нè врзува се вредностите на демократијата, слободата и почитувањето на меѓународниот правен поредок.

Амбасадорката Ларсон Јаин, како што наведува МО во соопштението, се заблагодари за јасната поддршка од Северна Македонија во периодот на приклучување на Шведска во НАТО.

-Таа додаде дека земјата е посветена на јакнењето на колективната безбедност на Алијансата, наведува Министерството за одбрана. 

Шведска официјално се приклучи на НАТО како 32-земја членка на 7 март 2024. хс/дма/

Фото: Министерство за одбрана 

Остани поврзан