• петок, 22 ноември 2024

Петровска: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме Национален парк

Петровска:  СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме Национален парк

Гостивар, 20 април 2024 (МИА) - Носителката листа во 6 ИЕ, (изборна единица) на СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ Славјанка Петровска денесе се придружи на сопартијци и еко активисти во еколошка акција во Гостивар.

Таа во изјавата за медиуми напомена дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.

- Изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија, рече Петровска

Таа потсети дека изминативе две години, во државата се инсталирани 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Таа се осврна и  на Планот за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво, како што рече доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови.

- Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина, потенцира Петровска.

Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина.

- Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус  на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден, порача Петровска. згм/нд/

 Фото: СДСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан