• сабота, 21 декември 2024

„Вкусовите на Гази Баба” денеска и утре на плоштадот во Автокоманда

„Вкусовите на Гази Баба” денеска и утре на плоштадот во Автокоманда

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Музичката манифестација за храна, угостителство, туризам и култура „Вкусовите на Гази Баба” ќе биде одржана денеска и утре на плоштадот во Автокоманда.

Организаторот на манифестацијата, Општина Гзаи Баба, информира дека е подготвена богата музичка програма со учество на естрадни уметници од Македонија и Балканот.

Скопјени вечер на плоштадот во Автокоманда ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и српскиот Амадеус бенд.

В сабота, пак, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.

Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани на добра музика за сите генерации, ладно пиво и квалитетна храна.са/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан