• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот

Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот

Москва, 20 април 2025 (МИА) – Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување, изјави за ТАСС портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Путин го објави прекинот на огнот вчера на средба со началникот на Генералштабот Валериј Герасимов. Тој изјави дека важи од 18:00 часот по московско време на 19 април до 00:00 часот по московско време на 21 април – вкупно 30 часа.

„Немаше други наредби“, одговори Песков на прашањето дали прекинот на огнот ќе истече ноќта на 21 април или дали може да биде продолжен. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан