• вторник, 24 декември 2024

Песков: Нема да има „имунитет“ за француските инструктори во Украина

Песков: Нема да има „имунитет“ за француските инструктори во Украина

Москва, 4 јуни 2024 (МИА) - Официјален Кремљ потврди дека руските сили ќе ги таргетираат француските инструктори во Украина, како и сите други непријателски војници или инструктори.

-Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинските војници не е имун од напади, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека „не е важно дали се Французи или не“.

Минатата недела, началникот на ГШ на украинската армија, Олександр Сирски, рече дека Франција „наскоро“ ќе испрати инструктори да ги обучуваат трупите на земјата, која се соочува со руска офанзива која започнува во февруари 2022 година.

Набргу потоа, украинското Министерство за одбрана прецизираше дека испраќањето на инструктори „се уште се разговара“ со Франција и други земји.

Официјално, Франција нема војници кои им помагаат или ги обучуваат украинските сили во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон постојано зборуваше за можноста за испраќање западни трупи да му помогнат на Киев, што предизвика противење од сојузниците, како и гнев од Русија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан