• четврток, 25 април 2024

Пензионерите од регионот се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини во Штип    

Пензионерите од регионот се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини во Штип    

Штип, 29 мај 2023 (МИА) - Штип денеска е домаќин на 27 регионални спортски игри, на кои учествуваа повеќе Здруженија на пензионери. Станка Трајкова претседател на Здружение на пензионери вели во 11 дисциплини пензионерите ќе ги измерат силите на терен. До 21 јуни регионалните спортски игри ќе се одржат во осум региони во државата.

-Оваа година овој спортски караван тргнува од Штип, а тоа е денеска 29 мај и ќе заврши на 21 јуни во Ресен. Оваа година спортските игри ќе се одвиваат во нормални услови, ќе се практикуваат сите спортски дисциплни, а тие се 11 на број, нема редуцирање, а силите на терен ќе си ги одмерат неколку здруженија на пензионери од регионот, вели Трајкова.

Пенизонерите домаќини од Штип, но и оние од останатите градови велат дека ваквите настани придонесуваат за дружба и забава на повозрасните граѓани. Кошарка, мал фудбал, пикадо, шах, табла, влечење јаже беа само дел од дисциплините за кои пензионерите се подготвувале претходниот месец.  Откако ќе завршат регионалните спортски игри во осумте региона во државата, најдобрите ќе усчетвуваат на Републичките спортски игри кои се огранизираат по повод денот на пензионерите, пред 20 септември.

-Оние кои ќе освојат прво место ќе се пласираат да учествуваат на Републичката спортска олмпијада, која се одржува пред 20 септември во знак на денот на пенизонерите, рече Трајкова. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан