• петок, 12 јули 2024

Пендаровски на средба со словенечкиот премиер Роберт Голоб

Пендаровски на средба со словенечкиот премиер Роберт Голоб
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на НАТО Самитот оствари средба со претседателот на Владата на Словенија Роберт Голоб, при што изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план. Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, најпрвин го честитал формирањето на новата словенечка влада, а потоа со соговорникот разговарал за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешно-политичка агенда. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ.

На средбата исто така се разговарало и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.бт/дма/

Остани поврзан