• вторник, 15 јули 2025

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Скопје, 15 јуни 2025 (МИА) - Заедно со центарци ќе ја креираме програмата за идната година. Кога граѓаните се вклучени, тогаш и општината е потранспарентна и поефикасна. Први во државата подготвивме Граѓански буџет кадешто со жителите на Центар го носиме буџетот, истото ќе го направиме и за новата програма, истакнал денеска градоначалникот Горан Герасимовски на средба со центарци на Средно Водно во рамки на караванот „Се гледаме во маало”.

Како што информираат од општината, центарци имаале можност да ги споделат своите идеи, приоритети и конкретни предлози, а со тоа директно да влијаат врз идниот развој на општината.

На средбата се отвориле прашања за спортот и активниот живот, како важен сегмент од секојдневието во Центар.

-Во изминатите години, инвестиравме во спортот, реконструиравме спортски сали во основните училишта, се обновија маалски игралишта и терени, со цел да создадеме здраво и активно опкружување за младите. Оваа есен ја пуштаме во употреба и реконструираната спортска салата Работнички која е симбол и гордост на Центар, потенцирал Герасимовски.свс/лв/

Фото: Општина Центар

 

Остани поврзан