• вторник, 15 јули 2025

Во еколошка акција  исчистен дел од брегот на Дебарско Езеро кај градската плажа

Во еколошка акција  исчистен дел од брегот на Дебарско Езеро кај градската плажа

Дебар, 15 јуни 2025 (МИА) - Во првата еколошка акција годинава исчистен беше брегот на Дебарско Езеро кај градската плажа и други делови, пред се каде што има угостителски објекти, од насобраниот пластичен и друг отпад.

Акцијата е реализира по иницијатива на екологисти и Спортското риболовно друштво Трофта, концесионер на езерото а беше поддржана од  граѓанските организации, општинското комунално претпријатие "Стандард", локални компании, училиштата и локалната самоуправа. 

Организаторите им ги обезбедија сите потребни материјали на учесниците: ракавици, црни пластични кеси, маички со натпис „За чисто езеро“ и освежителни  пијалаци.

- Вакви акции спроведуваме пред почеток на летната сезона, кога на овој дел има со стотици плажачи, како локални жители, од други градови, и нашинците од странство, кои одморот го минуваат во родниот крај. Ова е еден од најубавите делови во градот и жално е што се собира отпад. Апелираме до сите  да бидат совесни и да го зачуваме ова наше богатство, изјавија од друштвото "Трофта".

Додаваат дека во водите на Радика завршува пластичен и друг  отпад од селата по нејзиниот тек кои потоа се влеваат во езерото, но ист отпад се насобира и од несвесното однесување на дебрани, како и на жителите од подрачјето на Жупа.

Благодарение на ваквите интервенции, езерото се чисти и станува погодно за рекреација во текот на летните месеци.

Засилените контроли на рибочуварската служба на друштвото и еколошките акции се од суштинско значење за заштита на биодиверзитетот на Дебарското Езеро, кое не е само важен природен ресурс за рекреација на жителите, туку и голем потенцијал за развој на туризмот во регионот. вт/лв/


Фото: СРД"Трофта"

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан