ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на Општина Чаир
- СООПШТЕНИЕ - ДУИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал во Општина Чаир, каде што илјадници евра од јавниот буџет се префрлени на сметката на кафулето на заменик-министерката Калтрина Зеколи-Шаќири, без јавен оглас и со прекршување на Законот за јавни набавки.

15 јуни 2025
ДУИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал во Општина Чаир, каде што илјадници евра од јавниот буџет се префрлени на сметката на кафулето на заменик-министерката Калтрина Зеколи-Шаќири, без јавен оглас и со прекршување на Законот за јавни набавки.
Овој случај јасно ја потврдува злоупотребата на јавните пари, фаворизирањето на бизниси поврзани со функционери на Демократското движење и заробувањето на институциите од страна на организирана политичка мрежа која ја користи власта за теснопартиски интереси. Кафулето „1ш“, познато како алтернативно седиште на Меџити и Ганиу, добило над 30 илјади евра од буџетот на Општина Чаир, само оваа година над 14 илјади евра, без конкуренција и без транспарентност.
Злоупотребите во Чаир не запираат тука, тие се прошируваат и на дивоградбите, селективното дозволување на високи згради и злоупотребата на јавниот имот, секогаш во корист на политичката мрежа на Висар Ганиу и ВЛЕН.
ДУИ останува посветена на транспарентно владеење во служба на граѓаните, далеку од корупцијата и заробувањето на државата.
Демократска унија за интергација
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото:МИА архива