• четврток, 18 април 2024

Пендаровски достави иницијатива за собирање потписи до ДИК

Пендаровски достави иницијатива за собирање потписи до ДИК

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

Претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција ја објави својата кандидатура за втор мандат. Тој рече дека ја најавува својата граѓанска кандидатура за претседател на државата и ги повика сите граѓани од 3 март, недела, да му дадат поддршка со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.

-Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници, истакна Пендаровски.  дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан