• недела, 22 декември 2024

Пендаровски: Во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да има, опозицијата да каже каква алтернатива нуди

Пендаровски: Во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да има, опозицијата да каже каква алтернатива нуди

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Со денешното гласање „против“ уште при утврдувањето на дневниот ред, опозицијата потврди дека во земјава пропаднал концептот на ЕУ, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Според него, опозицијата треба да каже каква алтернатива нуди и што предлага ако е против уставните измени. За Пендаровски е нејасно и „како опозицијата се обидува да се мајтапи со толку моќна земја на ЕУ како Франција и вели дека она што е на маса не е француски предлог и европска рамка, туку бугарски диктат“.

На Пендаровски воопшто не му се чини и, како што рече, дека е изгубен легитимитетот на Владата по денешната собраниска сесија. Јасно е дека владејачкото мнозинство во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да ги има, нагласи претседателот.

 -Опозицијата со денешното гласање против уште при утврдувањето на дневниот ред потврдува дека пропаднал во  Македонија концептот на ЕУ. Што друго е понудено од опозицијата како алтернатива? Движење на неврзаните? Неутралност? Тоа е срамно и погубно да се каже од која било политичка структура. Тие требаа да кажат пропадна ова што вие го предлагате, ние мислиме - вака трееба да биде. Што предлагаат тие наместо ова што денеска пропаднало? Која е алтернативата? Да дојдеш прво на власт па пак ќе правиш две третини, со кого? Пак со мене, со тебе, со истите луѓе? Со истите политички структури? Несериозно е. Ако пропадна денеска ЕУ, прашувам - дали се враќаме на старата дебата од 1991 - 1992 година кога велиме на каде ќе одиме, на запад, на исток? Денеска имаше и такви дебати - запад или исток. Кој е истокот, Руската Федерација? И понатаму тврдам, дека ова што го имаме на маса и што опозицијата пежоративно и непотребно го нарекува „бугарски диктат“, а се работи за француски предлог и европска рамка, навистина не ми е јасно како се обидуваат да се мајтапат со толку моќна земја на ЕУ, со Франција, и да велат дека тоа не е француски предлог и европска рамка, туку е „бугарски диктат“. Нивниот конпцет е - дајте да дојдеме на власт, па потоа ќе му ја мислиме за двте тритини. Тоа не е политички концепт, рече Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител. 

Сосема очекувано беше, додаде, дека кога ќе дојде до гласањето за отворањето на процедурата во Парламентот, спикерот ќе ја одложи таа сесија. 

-Ја следевме собраниската седница сите. Гледаме дека сепак опозицијата не отстапува од позициите кои веќе цела година ги пласира во јавноста, па дури има и пратеници од власта кои денеска - кој не го стиснал случајно копчето, кој баш денес не можел да дојде на седница. Каков сигнал е денешната седница? Мислам дека денешната седница, особено гласањето кога беше утврден дневниот ред со 70 гласа го потврдува тоа што сите го знаевме претходно. Значи, и оној момент кога би дошло до гласање денес јасно е дека две третини нема во овој момент владејачкото мнозинство, не значи дека нема да ги има и сосема очекувано беше дека кога ќе дојде до гласањето за отворањето на таа процедура дека спикерот ќе ја одложи таа сесија. Ние забораваме дека наназад години и години во македонскиот Парламент постои таква пракса кога се носат какви било закони и ако некој од нив од владејачкото мнозинство и порано и денес отиде во бифе и нема кворум за работа ако памтите не само овој спикер вели „ја прекинувам седницава и кога ќе се создадат услови тогаш ќе преминеме кон гласање“ што не ме чуди мене. Имаме таква пракса, напомена Пендаровски. 

Според него, прашањето е - што чекаме.

-Мене не ми се чини воопшто дека е изгубен легитимитетот на Владата затоа што вака заврши денешната сесија, ниту мислам дека ако се гласаше „против“ лани за истиов предлог и не се отвореше Уставот дека повторно требаше да се оди на избори зашто не поминал францускиот предлог или Уставот не бил отворен. Мислам дека станува збор за неколку различни работи. Слична дебата како оваа денешнава, демек Владата со ова гласање се покажува дека нема две третини и час поскоро треба да замине, беше и по локалните избори кога гледавме повици од опозицијата – бидејќи ги изгубивте локалните избори логично е да одиме на парламентарни избори, тоа едно со друго не оди. Демократскиот принцип во најголемиот дел демократии и демократии во светот ти ако добиеш мандат од четири години е да го истераш до крај. Тоа што ние и изминативе 10-15 години се научивме на предвремени избори на секои две години тоа е проблем на македонската демократија. Остави ги овие да покажат колку знаат кој и да се на власт и потоа ќе дојдат други кои повторно треба да имаат еден разумен временски период да кажат колку знаат или колку не знаат. Инаку, можеме ние да ги ротираме политичките структури на власт, меѓутоа не гледам дека со брзи или куси избори добиваме. Досега не сме добиле. Во времето на Груевски имавме 10 различни избори во 10 години. И дојдовме до заробена држава, подвлече Пендаровски.  

 Тој е дециден дека втората конференција ќе почне тогаш кога ќе го завршиме прашањето со Уставот.

-Денес не е прашањето дали ќе има нови барања или пртоколи, денес прашањето за кое гласаме е дали да ги ставиме Бураите во Уставот. За тоа зборуваме денеска и сметам дека опозицијата не е во право. Знаеме каде бевме пред три години во однос на бугарските барања, а каде сме денес, истакна претседателот Пендаровски. мч/дма/

фото: принт скрин

 

 

Остани поврзан