Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
- Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.
Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, а ќе има средби и со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република. дма/вг/
Фото: МИА архива