• среда, 15 мај 2024

Парична награда за првото новороденче во Берово за 2024 година 

Парична награда за првото новороденче во Берово за 2024 година 

Берово, 10 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска ја додели паричната награда од 15 000 денари за првороденото бебе во Општина Берово во 2024 година. Новороденчето е машко и е трето дете во семејството на Емилија и Глигор Сачкарски. 

-Денеска, во мојот Кабинет, остварив средба со среќниот татко, каде што му беше доделено решение за финансиска поддршка во износ од 15 000 денари за првородено дете во 2024 година, запишано со адреса на живеење во Општина Берово. Лазар е роден на 7 јануари, првиот ден од Божиќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, а бил тежок 4,2 килограма. Ова навестува плодна и бериќетна година за Берово, рече Пекевски.

Покрај 15 000 денари за првородено дете, на семејството Сачкарски ќе им бидат исплатени и 7 000 денари за новородено дете.

Средствата се доделуваат од Буџетот на Општина Берово согласно програмата за социјална заштита за 2024 година. вс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан