Паралелна конференција за граѓанското општество - Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ (во живо)
- Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ, се одржува денеска во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје.
Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ, се одржува денеска во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје.
На конференцијата, како што е најавено, ќе биде презентирана Скопската декларација, а изјави ќе дадат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, Елина Валтонен, министерка за надворешни работи на Финска, Збигњев Рау, министер за надворешни работи на Полска, Матео Мекачи, директор на ОБСЕ/ОДИХР, Тереза Рибеиро, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Каират Абдракхманов, претставник на ОБСЕ за национални малцинства, Пиа Каума, претседателка на Собранието на ОБСЕ и други гости на конференцијата.