• сабота, 27 април 2024

Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Москва

Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Москва

Ватикан, 24 март 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска го осуди терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на центарот на Москва и оцени дека тоа е гнасен, злобен чин со кој се навредува Бог.

Папата рече дека ги упатил своите молитви до жртвите на терористичкиот напад, пренесуваат британските медиуми.

-Ги упатувам моите молитви до жртвите на гнасниот терористички напад во Москва. Господ да ги прими во свој мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои вршат такви нечовечки постапки кои го навредуваат Бога, рече папата Франциск по мисата на плоштадот Свети Петар.

Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на Москва загинаа 133 лица, а бројот на повредени се зголеми на 152, од кои 114 се хоспитализирани, јавија руските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан