• петок, 20 јуни 2025

Паолини прва италијанска финалистка во Рим од 2014

Паолини прва италијанска финалистка во Рим од 2014

 

Рим, 15 мај 2025 (МИА) – Италијанката Јасмин Паолини се пласираше во финалето на турнирот ВТА 1000 во Рим, станувајќи првата италијанска тенисерка на која тоа ѝ успеало од 2014 година.

Паолини денеска во полуфиналето ја победи Американката Пејтон Стернс со 7-5, 6-1, со што стана првата Италијанка која дојде до финалето по пауза од 11 години кога Сара Ерани загуби во дуелот за титулата од Американката Серена Вилијамс.

Во саботното финале, Паолини ќе игра против победничката од дуелот меѓу Американката Коко Гауф и Женг Кинвен од Кина.

Последна италијанска тенисерка која ја освои титулата на турнирот во Рим е Рафаела Реџи во 1985 година. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан