• понеделник, 25 ноември 2024

Панел-дискусија „Искоренување на ракот на грлото на матката“

Панел-дискусија „Искоренување на ракот на грлото на матката“
Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија „Искоренувањето на ракот на грлото на матката - како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија“.
 
Панел-дискусијата ја организираат Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје.
 
На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со ракот на грлото на матката и
за унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова
заболување, како и за постоечките услуги и за зајакнување на националните партнерства и создавање ефективни мерки базирани на докази. бак/вг/

Остани поврзан