• среда, 26 јуни 2024

Пандемијата на Ковид-19 го зголемува загадувањето со пластичен отпад

Пандемијата на Ковид-19 го зголемува загадувањето со пластичен отпад
Лондон, 4 мај 2020 (МИА) - Пандемијата на коронавирусот доведе до зголемено производство и употреба на заштитна опрема направена од пластика, како што се маски, ракавици, заштитни одела и друга опрема, но активистите за животна средина сметаат дека тоа би можело да ги спречи нивните напори за намалување на загадувањето од пластичниот отпад. Како што пренесува Си-Ен-Ен, проблемот со загадувањето со пластичен отпад зазема сè поголема улога во најголемата здравствена криза во современиот период, како резултат на зголеменото производство и употреба на пластично-заштитна опрема. Според истражувањата, во просек околу осум милиони тони пластичен отпад годишно завршува во океаните, а состојбата постојано се влошува. Активистите посочуваат дека треба да се направат некои промени, како што е дезинфекција на заштитната опрема, но додаваат дека тоа се прави поради тоа што нема доволно, а не заради спречување на загадувањето. Тие изразуваат надеж дека наскоро ќе дојде до повеќекратна употреба на заштитната опрема, бидејќи има можност таа да се дезинфицира. паг/

Остани поврзан