• петок, 05 декември 2025

Палестинците велат дека 50 убиени во израелските напади врз Газа

Палестинците велат дека 50 убиени во израелските напади врз Газа

Тел Авив, 12 септември 2025 (МИА) - Педесет лица се убиени во израелските напади врз цели во Појасот Газа, соопштија денеска палестински медицински извори, а многу од смртните случаи се случиле во градот Газа.

Педесет лица се убиени од утрото, од кои 37 на север од Појасот Газа.

Четиринаесет лица се убиени само во израелски воздушен напад на север од градот Газа, соопштија медицински извори.

Палестинските медиуми објавија дека станува збор за членови на едно семејство чија куќа била погодена.

Многу луѓе сè уште се закопани под урнатините, според непотврдените извештаи.

Израелската војска соопшти дека ќе спроведе истрага.

Во меѓувреме, портпарол на армијата објави список на сите области во кои жителите на градот Газа можат да избегаат, додека Израел подготвува операција за контрола на градот.

Тие ги вклучуваат Нусејрат и Деир ал-Балах во центарот на Појасот Газа, како и неколку населби на Кан Јунис на југот од палестинската територија.

„Армијата ќе употреби сила во областа на градот Газа, како што правеше низ целиот Појас Газа. За ваша безбедност, ве молиме веднаш одете во наведените области“, напиша портпаролот на војската, Авичаи Адрае, на арапски јазик во објава на „X“.

Стотици илјади Палестинци се упатени да го напуштат најголемиот град во Појасот Газа пред да биде ставен под израелска контрола.

Но, многу жители сакаат да останат во градот и покрај опасноста од смрт, бидејќи Израел во минатото постојано напаѓал дури и одредени безбедносни зони.

Сепак, организациите за помош предупредуваат дека ова дополнително ќе ги влоши веќе катастрофалните услови со кои се соочува цивилното население.

Израелската војска вели дека презема мерки против палестинската милиција Хамас и другите терористички групи во градот Газа, додека се стреми да избегне смрт на цивили. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан