Палестински Исламски џихад соопшти дека се приклучил на разговорите во Катар за прекин на огнот во Газа
- Официјален претставник на Исламски џихад изјавил дека делегација на палестинската група пристигнала во Катар за да учествува во разговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Израел, јави Тајмс оф Израел.

Катар, 15 јануари 2025 (МИА) – Официјален претставник на Исламски џихад изјавил дека делегација на палестинската група пристигнала во Катар за да учествува во разговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Израел, јави Тајмс оф Израел.
- Висока делегација на Исламскиот џихад синоќа пристигна во Доха, рекол официјалниот претставник, кој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен јавно да зборува за разговорите.
Тој додал дека „разговорите се во тек, фокусирајќи се на механизмот за спроведување на договорот за прекин на огнот и имињата на палестинските затвореници вклучени во договорот за размена“. јт/
Фото: ЕПА архива