• вторник, 27 февруари 2024

ОЈО: Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

ОЈО: Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на ул. „Индира Ганди“ во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет, околу 82.000 денари и побегнале.

-Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење погодност – домашно отсуство. Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, соопшти ОЈО.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан