• сабота, 27 јули 2024

Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода 

Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода 

Кавадарци, 2 март 2024 (МИА) - Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај. 

- Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски. 

Тој нагласи дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може. 

Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места. свд/лв/


Фото : МИА архива

Остани поврзан