Охрид ја доби Слога Добој за ривал во третото коло на Европскиот куп
- Ракометарите на Охрид ја добија Слога Добој за противник во третото коло на Европскиот куп.
Охрид, 21 октомври 2025 (МИА) – Ракометарите на Охрид ја добија Слога Добој за противник во третото коло на Европскиот куп.
Денешната жрепка на ЕХФ одлучи охриѓани во следната рунда на третото по квалитет клупско европско натпреварување да се соочат со претставникот на Босна и Херцеговина.
Првиот натпревар ќе се одигра на 15 или 16 ноември во Охрид, а реваншот е 7 дена подоцна во Добој.
Во првите две кола беа елиминирани другите две македонски екипи во Европскиот куп - Тиквеш и Бутел.
Актуелен шампион во ЕХФ Европскиот куп е Алкалоид. зс/
Фото: ГРК Охрид