Охрид домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ
- Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ - најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ - најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
- Организирањето на конференцијата во 2023 година доверена на Република Северна Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј - 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство, напиша Спасовски на ФБ. цр/дма/
Фото:Фејсбук Оливер Спасовски