Официјален претставник на Хамас: Има голема шанса во сабота да ослободиме шест заложници
- Официјален претставник на Хамас изјави дека има голема шанса да ослободат шест заложници во сабота, пренесуваат денеска израелските медиуми.

Тел Авив, 18 февруари 2025 (МИА) - Официјален претставник на Хамас изјави дека има голема шанса да ослободат шест заложници во сабота, пренесуваат денеска израелските медиуми.
„Во тек се преговори, а тие зависат од цената која Израел е подготвен да ја плати“, изјави неименуваниот претставник на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека Хамас во моментов бара од Израел да се согласи да преговара за втората фаза од договорот за размена на заложници, како и да обезбеди гаранции за хуманитарни прашања и да дозволи испорака на мобилни домови и тешка градежна опрема во Газа. рп/
Фото: МИА архива