• петок, 21 февруари 2025

Израел ги доби имињата на четворицата загинати заложници

Израел ги доби имињата на четворицата загинати заложници

Тел Авив, 20 февруари 2025 (МИА) – Израел доби список со имињата на загинатите заложници, чии тела се очекува денеска да бидат вратени од палестинската исламистичка група Хамас.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека се информирани роднините на загинатите заложници.

Според Хамас и израелските медиуми помеѓу загинатите заложници е мајка со две деца и еден возрасен маж.

Претходно, Хамас соопшти дека помеѓу загинатите заложници се и членовите на семејството Бибас. Јарден Бибис беше ослободен на 1 февруари, но неговата сопруга и двата сина, што беа киднапирани на 7 октомври 2023 година, според Хамас биле убиени при израелски напад во првите месеци од војната во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан