Стармер: Зеленски е демократски избран лидер
- Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер во телефонскиот разговор со Володимир Зеленски го поддржа украинскиот претседател, истакнувајќи оти тој е демократски избран лидер

Лондон, 20 февруари 2025 (МИА) – Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер во телефонскиот разговор со Володимир Зеленски го поддржа украинскиот претседател, истакнувајќи оти тој е демократски избран лидер.
Изјавата на Стармер уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече Зеленски диктатор. Британскиот премиер не го спомна Трамп, кој изјави дека Зеленски е „диктатор кој владее без избори, но истакна оти „сосема разумно е да се суспендираат изборите за време на војна, како што направи Велика Британија за време на Втората светска војна“.
Мандатот на Зеленски беше до мај 2024 година, но избори не се одржаа поради војната во Украина.
Стармер ја потврди поддршката за напорите предводени од САД за постигнување траен мир во Украина што ќе ја одврати Русија од натамошна агресија. Тој следната недела ќе отпатува за САД на разговори со Трамп. ми/
фото: ЕПА