• четврток, 25 јули 2024

Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес во одвоени случаи приведе двајца 28-годишници

Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес во одвоени случаи приведе двајца 28-годишници

Велес, 9 декември 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 9.40 часот  на местото викано „Бабуна“ во Велес го лишиле од слобода 28-годишниот С.Ј. од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 13.40 часот вчера, пак, полицијата од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишила од слобода  и 28-годишниот П.П. од Велес, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Како што појасни портпаролот Ѓаковска, тој е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/хс/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан