• понеделник, 25 ноември 2024

Откриен случај на вршење јавен превоз без лиценца

Откриен случај на вршење јавен превоз без лиценца
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село денеска извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, Тетовско, соопштија од МВР и посочија дека при контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. - Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца" и по член 378 – „фалсификување исправа" од Кривичниот законик, информираат од МВР. оџ/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан