• понеделник, 30 декември 2024

Затвореник починал во ГОБ „8 Септември“

Затвореник починал во ГОБ „8 Септември“

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Откако му се слошило в затвор, 54-годишен скопјанец бил пренесен во болница, каде што починал, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н., осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна, лекар констатирал смрт, се појаснува во соопштението на МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. бд/сп/

Остани поврзан