• сабота, 20 април 2024

Отворен ден за прилепските основци: Медицинската струка останува најбарана

Отворен ден за прилепските основци: Медицинската струка останува најбарана

Прилеп, 31 мај 2023 (МИА) - Во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ денеска за завршените основци се одржа Отворен ден на училиштето. Учениците се запознаа со петте струки што се изучуваат: медицинската, козметичката, геолошко-рударската, текстилната и дрвно-преработувачката и можностите што ги имаат за идната професија.

За новата учебна година треба да се запишат 322 ученици во 10 паралелки. Останува најголем интересот за медицинските струки.

-Најголем е интересот за медицинските струки. Така е и оваа година. Воопшто, основците се заинтересирани да се запознаат со нашата програма. Сите струки се конкурентни на пазарот на трудот, а ние сме тука да ги објасниме предностите. Имаме и дуални паралелки, имаме учење преку работа кај работодавач што е исто така предност. Учениците имаат можност да ги усовршат своите знаења и вештини и да се стекнат со сето тоа што им е потребно, за по завршувањето да може да се вработат или да си отворат свој бизнис, изјави в.д директорката Жанета Видевска.

Најголем проблем е неинформираноста на учениците и родителите што нудат струките, посебно рударско-геолошката.

- Неинформираноста го намалуваинтересот на учениците за геолошко-рударската струка. Сега сиот процес е механизиран, комплутеризиран, аповеќето сметата дека станува збор за рудари и механичко копање. Струката има перспективи, прилепското подраје е познато со голем број концесионери на минерални суровини. Побарувачката е голема и платите се солидни, вели Мартин Петрески, пофесор по стручни предмети во рударско-геолошката струка.

-Својата иднина ја гледам во рударско-геолошката струка. Одиме на практична работа, имаме превоз, оброк, имам и стипендија од 3 500 денари и очекувам вработување по завршувањето на училиштето, вели Дамјан Стеваноски, ученик во втора година во рударско-геолошката струка.

Побарувачката на занаетчии е голема, како и нивниот недостиг.

- Изработката на мебел е секојдневна побарувачка. Во дрвно-преработувачката струка потребни се кадри кои ќе си го најдат веднаш местото во пазарот на трудот смета Марија Јованоска, професор во дрвно-преработувачката струка во срендото прилепско училиште „Ѓорче Петров“.

Во медицинските труки: општа медицинска сестра, фармацевтската и во физиотерапевтската паралелка се бара место повеќе.

-Медицината е фасцинантна наука и јас себе си се гледам можеби во Македонија и да ја специјализирам мојата струка, изјави Сејџан Џедироска, ученичка во медицинската насока.

-Веројатно среќата ќе ја барам надвор од земјава поради подобрата плата и третманот, смета Минела Шкриељ, ученичка во медицинската струка.

Во прилепската болница има недостиг од кадар. За 50 насто треба да се зголеми бројот на лекарите, а за 30 проценти на медицинските сестри. Во државава недостасува 50 насто од медицинскиот кадар. ем/мс/

фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан