• недела, 30 јуни 2024

Отворен ден за идните средношколци во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево

Отворен ден за идните средношколци во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево

Делчево, 27 мај 2024 (МИА) - Во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево денес се одржа Отворен ден наменет за деветтоодделенците од двете основни училишта во општина Делчево. Во рамки на Отворениот ден идните средношколци се запознаа со условите и можностите кои ги нуди делчевската гимназија за наредната учебна година. 

-Учениците беа топло пречекани од нашите средношколци и професорите. Беа презентирани подрачјата кои ги нуди гимназиското образование, како и наставните средства и помагала по предметите биологија, хемија и физика. Во кабинетот за практична работа од текстилната струка се запознаа со начинот на изведување на практичната настава, а се стави акцент и на моделирањето и дизајнирањето, информираа од гимназијата во Делчево.

Оттаму напоменаа дека вратите на училиштето и понатаму ќе бидат отворени за сите нивни дополнителни прашања.

-Да напоменеме и тоа дека од учениците од хемиско-технолошката струка за добредојде беа подготвени вкусни и креативни колачи, кифли, кроасани. Учениците посетија и дел од наставните часови. Кај сите нив се поставува дилемата „Каде во средно“ и затоа им препорачуваме да го направат вистинскиот избор. СОУ „Методи Митевски Брицо“ им нуди квалитетна настава во чиста и безбедна средина за учење, додадоа од СОУ ,„М.М. Брицо“.

Во наредната учебна година како и во претходните делчевската гимназија ги има на располагање текстилно-кожарската струка, повеќе правци во гимназиското образование и хемиско-технолошката струка. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан