• вторник, 05 ноември 2024

Отворен ден за граѓаните во Кавадарци по повод 75 години од формирањето на НАТО

Отворен ден за граѓаните во Кавадарци по повод 75 години од формирањето на НАТО

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Отворен ден за граѓаните по повод 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата ќе се одржи денеска на плоштадот во Кавадарци во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, а во соработка со Општина Кавадарци.

На отворениот ден во Кавадарци, како што е наведено во соопштението од МО и ГШ на Армијата, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар и да се запознаат со дел од вооружувањето, борбените системи, армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Граѓаните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со техничките карактеристики на борбени, системи и артилериските орудија од артилерискиот баталјон, дел од вооружувањето, воената опрема и возила од баталјонот на воена полиција, четата АБХО, баталјонот за врски и извидувачко разузнувачкиот баталјон.

Активноста ќе ја проследат и командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и претставници од локалната самоуправа на Кавадарци. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан