• петок, 15 ноември 2024

Отворено студио во „Арт Поинт – Гумно“

Отворено студио во „Арт Поинт – Гумно“

Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 17 до 21 часот ќе ги отвори портите за сите љубители на уметноста што сакаат да ги запознаат уметниците и да ги видат делата создадени за време на 20. интернационална уметничка колонија.

Во периодот од 18 јуни до 3 јули 2022 година на креативното гумно во селото Слоештица престојуваат и творат шест уметници. Тоа се Памела Тол од САД, Беате Куне од Германија и Синиша Новески, Јасмина Главинче, Владимир Симоновски и Сандра Котевска од нашата држава.

Фокусот на колонијата годинава е во знакот на уметноста и природата, односно како уметноста може да ја промовира природата којашто сама по себе е најсовршениот уметник.

- Преку творечки дијалог и со иновативни уметнички реализации во различни медиуми, од коишто дел се инспирирани од локалната традиција, уметниците создадоа дела што предизвикуваат восхит, соопшти „Арт Поинт - Гумно“. Проектот е делумно поддржан од Министерството за култура. мд/сп/

Остани поврзан