• сабота, 06 јули 2024

Отворено писмо на Платформа за граѓански организации за борба против корупцијата до Владата

Отворено писмо на Платформа за граѓански организации за борба против корупцијата до Владата

Скопје, 6 март 2023

Во врска со најавеното именување на раководители и заменици на повеќе јавни институции, установи и државни претпријатија, по новиот коалициски договор, Платформата на граѓански организации потсетува на програмската заложба на Владата на Република Северна Македонија за професионализација на јавната администрација. Оттука, ја потсетуваме Владата дека при именувањето на професионалното раководно ниво во јавниот сектор, има должност да обезбеди конкурентна процедура, низ јавен оглас. За таа цел, Владата мора да го напушти коалициското преговарање за професионалните позиции во јавниот сектор. На патот кон Европската Унија, Владата има обврска пред граѓаните да ги избере најдобрите раководители, за да овозможи институции кои ќе им обезбедат квалитетни услуги. Граѓаните ги заслужуваат најквалификуваните кадри.

Отворено писмо до Владата на Република Северна Македонија

 Платформа за граѓански организации за борба против корупцијата

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан