Отворени можности за унапредување на туристичката соработка меѓу општините од Охридскиот регион и од Шумадискиот округ во Србија
- Претставници на туристичките организации на неколку општини од Шумадискиот округ кои се во посета на Охрид, денеска во Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид имаа средба со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска, Даниел Огненовски советник во Општина Дебрца, како и домаќинот, почесниот конзул на Србија во земјава, Михајло Филев.
Охрид, 5 јули 2025 (МИА) – Претставници на туристичките организации на неколку општини од Шумадискиот округ кои се во посета на Охрид, денеска во Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид имаа средба со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска, Даниел Огненовски советник во Општина Дебрца, како и домаќинот, почесниот конзул на Србија во земјава, Михајло Филев.
На состанокот на кој приустуваа претставниците на туристичките организации на општините Крагуевац, Баточина, Аранѓеловац, Топола и на Горњи Милановац се утврдени конкретни чекори во соработка со институциите од двете држави кон реализација на повеќе проекти од стратешко и суштинско значење за граѓаните, со поинтезивна соработка во туризмот, преку организирање и учество на повеќе меѓусебни културни и економски манифестации, саеми, форуми, средби за уште подобра комуникација, поврзување и делување.
На состанокот е потврдена одличната соработка меѓу двете држави и двата народа,со нагласок дека збратимените градови Охрид и Крагуевац се цврста основа на проширувањето на натамошната соработка, како билатерално така и меѓу општините од Шумадискиот округ и општините од Охридскиот регион.
На средбата е упатена отворена покана за бесплатно учество на Општините Охрид и Дебрца на Саемот за туризам што ќе се одржува во ноември во Крагуевац, како можност за отварање на нови пријателства и изнаоѓање нови форми на соработка во областа на туризмот. аб/аа/
фото/Почесен конзулат на Република Србија во Охрид